Претседателите на Кина и Русија, ќе учествуваат на самитот на 20-те најбогати земји во светот (Г20) на Бали во ноември, изјави денеска советникот на шефот на индонезиската држава Анди Виџајанто.
Во четвртокот, индонезискиот претседател Џоко Видодо рече дека Кси и Путин го информирале дека ќе учествуваат на состанокот на Г-20.
Си ќе дојде, а и Путин ми кажа дека ќе дојде, рекол Видодо, пренесува Ројтерс.
Индонезија е претседавач со Г20 и е под притисок на Западот да ја повлече поканата до Путин за учество на самитот, поради рускиот напад врз Украина.