Пожарникари од Франција, Норвешка и Финска пристигнуваат во Грција за да ѝ помагаат во пожарите

Во рамките на европската програма што предвидува над 200 пожарникари од шест европски земји да ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите, во следниот период заедно со грчките ќе бидат и пожарникарите од Франција, Норвешка и Финска, јави дописничката на МИА од Атина.

Францускиот тим од 25 пожарникари ќе биде распореден во областа Атика, поширокиот регион на Атина во текот на август и доаѓа на местото на романскте пожарникари, кои си заминаа во петокот.

На Пелопонез, во градот Триполи ќе  бидат пожарникарите од Норвешка, вкупно 27 кои пристигнаа вчера, а во текот на денов се очекува да пристигне и тимот од 48 пожарникари од Финска. Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис, утрово во Атина ги пречека француските пожарникари.

-Вашето присуство, драги пријатели, уште еднаш докажува колку се силни врските меѓу грчката и француската противпожарна служба. Истовремено, ги потврдува силните историски врски меѓу нашите две земји, Грција и Франција.

Успехот на програмата за распоредување на европските пожарникари е доказ дека европската солидарност функционира со конкретни, опипливи резултати, рече Стилијанидис. Европската пилот програма се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита со поддршка на Европската Комисија и предвидува во периодот јули- август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка да бидат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита и во размената на знаење и искуство со нивните грчки колеги.

Во грчките градови Триполи и Лариса се пожарникарите од Германија и Бугарија, а во Атина беа романските, на чие место сега доаѓаат француските поожарникари.

ПОСЛЕДНИ

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...