Потенцијално доверливи документи пронајдени во приватната канцеларија на Бајден, ФБИ вклучен во истрагата

Американското Министерство за правда ги разгледува потенцијално доверливите документи од времето кога Џозеф Бајден беше потпретседател на САД, пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, објави Белата куќа.

Адвокатскиот тим на Бајден откри околу 10 досиеја во заклучен кабинет во Центарот Пен Бајден во Вашингтон во ноември, рече неговиот адвокат, и тие беа предадени на Националниот архив, пренесува „Ројтерс“.

ФБИ е вклучен во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги прегледа документите, пишува Си-Би-Ес њуз.

Извор запознаен со случајот изјави за американската телевизија дека серијата документи не содржи нуклеарни тајни, а не е наведен степенот на нивната класификација и доверливост.

Специјалниот советник на Бајден, Ричард Заубер, во понеделникот во изјава за Си-Би-Ес рече дека документите биле откриени непосредно пред конгресните избори од адвокатите на американскиот претседател кои го расчистувале канцеларискиот простор.

Бајден, кој беше потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама од 2009 до 2017 година, тогаш имаше канцеларија во организацијата малку повеќе од една милја од Белата куќа до 2020 година.

ПОСЛЕДНИ

Навивачите се жалат: Покривот на „Олд Трафорд“ пропушта вода 🎥

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMМанчестер Јунајтед има проблем со резултатите на теренот, но тие не се единствените...

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...