Посебен режим на сообраќај во сабота во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 17.09.2022 (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11-ти Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција.

На 17.09.2022 (сабота), исто така со почеток во 16.00 часот, во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

 

ПОСЛЕДНИ

„Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

Вчерашниот натпревар во Серија А помеѓу Монца и Јувентус имаше луда завршница во која Монца стигна до изедначување во 92. минута, но само...

Трагикомендија: Славниот англиски клуб примаше смешни голови во ФА Купот – навивачите бараат истрага! 🎥

Славниот Нотс Каунти се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Шрузебри во ФА Купот – причината е огромните сомнежи дека станува...

Извлечени групите за Европското првенство!

Наредното лето во Германија ќе се игра Европското првенство, а денес беа и извлечени групите за собирот на најдобрите вропски репрезентации.ГРУПА А: Германија,...

📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

152 Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес,...