Почна етапната исплата на августовските пензии

Од денеска до 2 септември етапно се исплатуваат августовските пензии  во  банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат.  Исплатата се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

Денеска може да подигнат корисниците на пензии до 11.000 денари, утре ќе се исплаќаат пензиите во износ од  11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1 септември, а наредниот ден – пензиите повисоки од 18.001 денари.

-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 август (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките и да се заштити нивното и јавното здравје.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...