Почина жената од Неготино која беше крвнички претепана од партнерот

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, вчера, починала 46-годишната жена од Неготино, која беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) во раните утрински часови на втори август. Таа од тогаш беше во кома поради тешките повреди и се бореше за живот.

Жртвата e мајка на две полнолетни деца, а со П.Н. од Неготино била во врска подолг период. Според информации од СВР Велес, во домот во кој живееле тој врз неа извршил насилство и ја удирал со боксови по главата, a во болница била донесена со тешки повреди на мозокот и на черепот.

Инцидентот во полиција го пријавил лекарот од Итна помош, по што П.Н. веднаш бил уапсен.

“На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје”, информираа тогаш од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.



ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...