Петровска: Да изградиме отпорни општества за хибридните закани

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на регионален настан во формат на тркалезна маса за јавни политики, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и од Центарот за изучување на демократија – Софија (CSD) во соработка со американскиот тинк тенк National Endowment for Democracy, посветен на зацврстувањето на демократската отпорност во Северена Македонија, особено во контекст на моменталните безбедносни предизвици на европскиот континент.

На настанот, како што соопштија од МО, конципиран како форум за дискусија на регионални и домашни експерти и носители на одлуки за начините како институциите, граѓанското општество и медиумите можат да се справат со авторитарните тенденции во контекст на актуелните геополитички и геоекономски околности, министерката Петровска истакнала дека глобалните предизвици се од различна природа, но се заемно поврзани и налагаат координиран одговор.

Во таа насока, министерката се осврнала и на меѓународната безбедносна средина, за која нагласила дека е покомплексна од кога било досега, вклучувајќи цел спектар на воени, политички, економски и други алатки кои претставуваат предизвик за нашите институции, економии и општества.

– Безбедносните закани не се само конвенционални и во пракса се комбинирани со хибридни алатки и методи, вклучувајќи ширење на дезинформации, сајбер напади и економски притисоци кои имаат за цел да ги дестабилизираат и поткопаат општествата и владите, рекла Петровска на панел дискусијата.

Во контекст на Југоисточна Европа, Петровска подвлекла дека преку хибридни активности и влијанија, може да се влијае на забавување на европската и евроатлантската интеграција на овој дел од континентот, додека истовремено слабее европската привлечна сила.

Она што е важно сега, истакнала Петровска, е како да се бориме со овие закани и како да се подготвиме, односно како да изградиме отпорни општества.

– Посилната координација помеѓу цивилните и воените капацитети и соработката со сојузниците и партнерите е повеќе од потребна, исто како и креирањето на механизми за справување со заканите по безбедноста, порача Петровска, се наведува во соопштението од МО.

Таа се осврнала и на потребата од создавање правна рамка за регулација на сајбер заканите и хибридното војување, за што, како што рекла, дека е високо на агендата на Северна Македонија, особено имајќи предвид дека во октомври минатата година беше донесена Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридни закани.

– Нашиот пристап е отворено и транспарентно да се справуваме со сите предизвици, нашите граѓани да бидат информирани и свесни за нашите политики и напорите за обезбедување стабилност и просперитет, посочила министерката за одбрана на денешната дискусија.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...