Петровска: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана. Американската поддршка е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во Алијансата. Членството во НАТО е уште еден катализатор за уште посилна соработка помеѓу сојузниците како Северна Македонија и САД, со што се зацврстува и колективната одбрана на Алијансата.

САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети. Овие 78 милиони долари се значителна поддршка во развојот на капацитетите, имајќи предвид дека во изминатите 30 години, преку програмата за меѓународна воена помош, САД има донирано воена опрема во вредност од 160 милиони долари.

Портфолиото за соработката со САД е навистина богато и сеопфатно и вклучува обука преку MIL-2-MIL програмата, вежбовни активности, некинетички обуки односно асистенција за АБХО, сајбер, цивилно воена соработка, развој на медицински капацитети, едукација за административни службеници, војници, подофицери и офицери, заеднички процес на опремување и модернизација преку десет интегрирани проектни тимови,  тимови и советници со постојан престој во Северна Македонија со цел асистенција во развојот на одбраната итн.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...