Пендаровски на церемонијата за страт на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија

Претседателот на државата Стево Пендаровски денска ќе престојува во работна посета на Софија, каде на покана на неговиот бугарски колега Румен Радев, ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, како што е најавено, ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука.

 

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен.

Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма” ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани.

 

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен.

 

Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...