Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека шефот на државата заедно со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

„Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон“, информира кабинетот на Пендаровски.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 97-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска. Според најавите, таа ќе биде погребана во понеделник на 19 септември во главниот град на Велика Британија.