Месут Озил е слободен агент откако Фенербахче му го раскина договорот по барање на новиот тренер Јорге Жезус.
Озил имаше договор со Фенербахче до 2024 година, но Жесус не смета на него, па клубот му го раскина договорот за да заштеди на неговата плата.
Озил нема играно од 20 март, кога беше исфрлен од тимот бидејќи не бил во добра физичка состојба.
Тој претходно го раскина договорот и со Арсенал, а не успеа да ја оживее кариерата ниту во Фенербахче. Турските медиуми тврдат дека е најблиску до преселба во Башакшехир, клуб поврзан со турскиот премиер Ердоган, со кој Озил има одлични односи.