Откриен УРАНИУМ ВО ПАКЕТ на лондонскиот аеродром Хитроу

Многу мала количина ураниум е откриена во пакет што пристигнал на аеродромот Хитроу во Лондон минатиот месец, соопшти британската полиција, додавајќи дека се чини дека тоа не е директна закана или закана за јавното здравје. Количината на радиоактивен материјал, откриена при рутинско скенирање на 29 декември, беше исклучително мала и експертите оценија дека не претставува закана, изјави Ричард Смит, шеф на антитерористичката команда на лондонската полиција.

„Ни олесни кога сфативме дека нема закана за јавното здравје на жителите или нивната безбедност“, рече Смит. „Имаше многу мала количина на контаминиран материјал во пратката. Сега спроведуваме дополнителни истраги. Тој посочи дека операцијата за проверка на пакетите на аеродромот функционира како што треба. Полицијата извести дека нема уапсени.

„Се разбира, сега ќе се обидеме да утврдиме што стои зад сето ова. Се погриживме да нема закана. Верувам дека ова е смирувачка порака за тоа што се случи“, рече Смит. Британскиот таблоид „Сан“, кој прв објави за заплената, тврди дека пакетот дошол од Пакистан и дека во Англија пристигнал со авион што полетал од Оман.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...