Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Македонија со оваа организација во 2023 година.

МНР, се посочува во соопштението, активно се подготвува за преземањето на претседавањето од актуелниот претседавач – Полска и презеде серија активности во функција на операционализација на доверениот мандат во 2023 година.

-Во таа насока, преку активен дијалог со релевантните државни институции, земјите учеснички и извршните структури на ОБСЕ, беше развиена прелиминарна рамка на приоритети преку која ќе имаме директен придонес врз политиките поврзани со трите димензии на ОБСЕ, политичко-воената, втората која ги таргетира прашањата поврзани со економијата и животната средина, како и третата, хуманата димензија, наведуваат од МНР.

Во Виена, шефот на дипломатијата Османи ќе се сретне со генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид, со постојани претставници на земјите учеснички, а предвидена е средба и со сојузниот министер за европски и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

ПОСЛЕДНИ

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IКако што објавија шпански и неколку англиски медиуми,...