Османи на средба со Рау

Во рамките на Преспа форумот за дијалог 2022, на 16 јуни 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со овогодишниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау.

Северна Македонија и Полска, заедно со Шведска, како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ, имаат активна соработка во рамките на овој формат.

На денешната средба се разговараше за безбедносните случувања во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина и за предизвиците со кои се соочува претседавачот во спроведувањето на агендата на ОБСЕ.

Министерот Османи ја реафирмираше поддршката на претседавачот Полска за  активниот ангажман во менаџирањето на кризата, ослонувајќи се на расположливите ресурси и механизми на ОБСЕ. Истовремено, ги поздрави напорите за придвижување на агендата и активностите во рамките на Организацијата и подвлече дека искуствата на Полска и научените лекции како претседавач, во исклучителни сложени услови, ќе бидат од голема корист за нашата мисија во 2023 година.

“Нашето заедничко делување во рамки на тројката претседавачи дава континуитет на работата на ОБСЕ, и претставува дополнителна вредност во почитувањето на основните принципи и вредности на Организацијата”, истакна Османи.

Од 1 јануари 2023 година, Северна Македoнија го презема претседавањето со оваа најголема регионална безбедносна организација.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...