Османи ќе учествува на традиционалниот Бледски стратешки форум

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес и утре (29 и 30 август) ќе престојува во Словенија, каде ќе учествува на традиционалниот 17-ти по ред Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата (Rule of power or the power of rules).
Овогодинешниот форум ќе биде посветен на дискусиите за кризата на мултилатералниот поредок,  последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната заедница на новите предизвици.
Во своето седумнаесетгодишно постоење, Бледскиот стратешки форум прерасна во водечка меѓународна конференција во Централна и Југоисточна Европа, која привлекува широк спектар на учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени, кои дебатираат за современите регионални и глобални предизвици и да бараат иновативни решенија.
Министерот Османи ќе има свое обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен”, на кој ќе учествуваат и заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар; министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и БиХ, Бисера Турковиќ; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања,  Мирослав Лајчак; високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.
На маргини на Форумот, Османи се очекува да оствари и билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот.
ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...