Османи: Ако ни ги прифатат забелешките, може да дојде до договор следните денови

„Се уште не знаеме која е финалната верзија која ја усвоило бугарското Народно собрание. Треба да ја видам па да дадам став. Но за нас се главни три точки: јазикот, да не бидат историските прашања дел од преговарачката рамка, и динамиката на уставните промени бидејќи не може да почнеме со уставни промени пред да ги почнеме преговорите со ЕУ. Доколку добиеме предлог во кој ќе бидат земени предвид нашите позиции, може да дојде и до договор во следните денови“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, сумирајќи го вчерашниот ден кога премиерот Ковачевски во Брисел рече „не“ за францускиот предлог.

Македонската Влада била во комуникација со Франција и веднаш по објавувањето на предлогот на Макрон ги доставиле забелешките, но во јавноста решиле тоа да не го соопштуваат поради стратешки причини и главно да видат како ќе се одвива ситуацијата во Бугарија, откри Османи на денешниот состанок со новинарите по кој уследи прес-конференција заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Според Османи, францускиот претседател Макрон е известен за македонската позиција и имал разбирање за истата. „Ќе бидеме во комуникација со Франција во следните денови и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, дополни Османи.

Во однос на оставките кои им се бараат од одредени кругови, министерскиот двоец ја отфрли таквата можност. „Зависи што е успех а што неуспех, дали е успех да се заштити позицијата на нашата држава во овој случај“, реторички праша Бујар Османи.

Околу барањата на Бугарија да се следат социјалните мрежи и можниот говор на омраза, беше одговорено дека станува збор за процедури кои треба да се воспостават за заштита од говор на омраза и дека тоа е и европски стандард кој е од корист и на Македонија, а не само затоа што е барање на Бугарија.

Шефот на дипломатијата изрази јавна благодарност до албанскиот премиер Еди Рама, како што рече, затоа што не само вчера туку и во многу други прилики изразил поддршка кон Македонија. „Но одлука на ЕУ е дали ќе дојде до раздвојување на процесот“, рече Османи на прашањето за се погласните шпекулации дека Албанија сака да се одвои од Македонија и сама да ги почне преговорите. За албанското одвојување и самиот Рама во неколку прилики го побара тоа. (С.К.)

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...