По пријава од граѓани евидентирани се штети по невремето кое вчера го зафати градот и територијата на општина Карпош.
-За време на силното невреме што зафати делови од Скопје падна дрво во населбата Козле спроти студентскиот дом Гоце Делчев на улицата Јури Гагарин. Екипи на Општина Карпош веднаш излегоа на лице место и го расчистија теренот, информираат од општина Карпош.