Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата, Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери.

Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Република Северна Македонија.

Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на КОВИД-19.

Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија.

Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...