Околу еден час се чека за влез и излез од земјава на ГП „Табановце“

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од земјава на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...