Од советник до конзул во Цирих, синот на Шабан Шаулиќ актуелна тема во српските медиуми

Генералниот конзул на Србија во Цирих, Михајло Шаулиќ, кој е син на легендарниот фолк пејач Шабан Шаулиќ, деновиве е повторно актуелен во српските медиуми. Овој пат, поводот е неговата раскошна свадба со избраничката Марина Велимировиќ, која се одржала во познат хотел, со многу гости од естрадата.

Неговиот говор посветен на татко му, кој почина во сообраќајна несреќа во Германија пред три години, емотивната изведба на хитовите на Шабан, како и детали за познатите гости, се објавија во речиси сите српски медиуми.

Но, младиот Шаулиќ и во минатото беше актуелен во српската јавност, посебно пред неколку месеци кога се објави веста дека ќе биде поставен за генерален конзул во Цирих. Следеа обвинувања дека тој нема претходно дипломатско искуство за така важна функција, бидејќи во минатото се занимавал со маркетинг во Италија.

Уште во 2010 година тој станал советник за односи со медиумите во Министерството за инфраструктура, каде бил вработен во наредните пет години, а потоа останал без работа. Во 2017 година пак, станал советник на директорката на фондот ПИО.

И покрај бурните реакции на јавноста, поради поставувањето на Шаулиќ во дипломатската фотеља, на официјалната страница на конзулатот во Цирих беше објавено дека тој е избран за генерален конзул. Исто така, објавена е и негова биографија, каде е наведено дека дипломирал на Европска школа за економија на Универзитетот Бакингем во Италија, а лани магистрирал на Геоекономскиот факултет во Белград.

-За назначување на една толку важна функција, во Србија не е важно дека се нема претходно дипломатско искуство, туку најважна препорака се контакти со луѓе блиски до власта, пишуваше српски Курир на темава.

ПОСЛЕДНИ

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQНаполи и сопственикот Аурелио де Лаурентис се обвинети поради финансиски малверзации, односно лажирање...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови на англиски...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...