Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар

Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим,  комплетно затворање на  сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница.

-Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат,  дека, од денеска (понеделник) до 07.09.2022 година  (среда) во периодот од 10:00 до 16:00 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово

–  Дебар ќе биде воспоставен времен режим-комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови – Жировница, информираше општина Маврово и Ростуше.  Според изведувачот на работите,  Градежното претпријатие „Пелагонија“ од Гостивар ќе се реализира  испитување на мостовските конструкции на патот, во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...