Нуредини: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните заштитени подрачја

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денес, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, Н.Е.Флориан Ќехаја.

На средбата од двете страни беше изразено задоволство за одличната комуникација и добрата соработка во повеќе области од заемен интерес, како и заедничката посветеност кон европските принципи.

Нуредини и Ќехаја разменија мислења и ги разгледаа можностите за унапредување на билатералната соработка во делот на заштита на животната средина, особено во прекуграничните заштитени подрачја.

Во тој контекст посебен акцент се стави на развивање на соработката на новоформираниот национален парк „Шар Планина“ со косовскиот национален парк „Шари“ и воспоставување и усогласување на принципите на управување и планирање на активности со кои би се овозможил повисок степен на заштита од природни непогоди, пожари, на биодиверзитетот и спречување на нелегални активности и како и полесен пристап до меѓународните донатори. Ваквата соработка отвора можности и за продлабочување на веќе воспоставената соработката со ПОНТ и Глобал Конзернвејшн фондот, но и пристап до други донаторски организации.

Заеднички беше ставот дека со воспоставување на добра соработка ќе се создадат и поволни услови за одржлив развој на подрачјата, подобрување на социо-економската состојба на населението, развој на еко-туризмот и слично.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...