Нинова: Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства

Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства во последниве години, коментираше денеска лидерката на БСП, Корнелија Нинова, во врска со можната влада на „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ГЕРБ-СДС, јави БТА.

-„Промените продолжуваат“ се создадени за да се смени претходниот модел на владеење на задкулисни игри и паралелна држава, а место – да ги искористам зборовите на претседателот, „соочи се надвор“ – се доби „соочи се внатре“, посочи таа.

„Ова е ротирачка коалиција на омерта, тие едноставно самите ќе си ги чуваат грбовите“, смета Нинова.

-Нема да поддржиме таков владин кабинет. Ако се состави, ние остануваме во опозиција. Сметаме дека ова е едно од најголемите политички предавства во последните години во бугарската политичка историја, рече лидерката на БСП.

„Можете да имате ротација на премиерот, можете да имате ротација на претседателот на Народното собрание, не можете да имате ротација на моралот во политиката“, заклучи Нинова.

Според неа, ова што сега го прават двете коалиции е гаранција за уште поголема нестабилност и хаос над хаосот.

-Затоа што замислете си за девет месеци менувате премиер, дали ќе менувате министри, регионални гувернери, праша лидерката на БСП.

На прашањето дали БСП ќе обезбеди уставно мнозинство за реформите во правосудството, Нинова ги повика прво да кажат што сакаат да се смени во Уставот, бидејќи досега идните коалициски партнери биле прилично збунети.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...