Невремето предизвика поплавување и штети во гостиварско (ФОТО)

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

-Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар, едена улица во населбата Бањешница е поплавена до вода која се слеала од каналот за наводнување. Вода навлегла во шест куќи и дворови во с.Беловиште, а еден локален пат не бил во употреба заради високото ниво на вода која течела по него. Жители од Циглана, општина Гостивар, предупредиле дека  постои опасност од поплавување на куќи во овој дел на градот, но штети не се пријавени. Поплавување на две куќи со подруми и помошни објекти се пријавени на уште две локации, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека за санирање на штетите и испумпување на водата попладнево на терен се и припадници на Противпожарната единица.

ПОСЛЕДНИ

Парите прават чуда: Меси, КР и Бензема играат за ист клуб во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24?

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд почетокот на јуни, сопственикот на Њукасл Јунајтед е и мнозински акционер на четири водечки клубови во Саудиска...

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...