Навивачите на Челзи вечерва покажаа дека не го забораваат Тухел 🎥

Челзи вечерва на „Стенфорд Бриџ“ игра против австриски Салзбург.

Ова е прв натпревар на клупата на Челзи за новиот менаџер Грахам Потер кој го наследи Томас Тухел. Германскио стратег беше сменет после поразот од Динамо Загреб во првото коло од најелитното европско натпреварување.

Тухел со Челзи ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2021 година и тоа навивачите на овој клуб не го забораваат.

Вечерва навивачите искажаа почит кон Германецот со аплауз во 21. минута од натпреварот. Тухел го водеше Челзи точно на 100 натпревари и оствари учинок од 60 победи, 24 нерешени натпревари и доживеа 16 порази.

Коментари

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...