На Табановце за влез и излез од државата се чека до 60 минути, на Богородица околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...