Најмалку 17 загинати при лизгање на земјиште во Непал

– Најмалку 17 лица загинаа, а неколку беа повредени при лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во оддалечените планински области на Непал, соопштија локалните власти.     Операцијата за пребарување и спасување започна рано утрово.

Спасувачите извлекле 17 тела од три локации во областа Ахам, изјави локалниот претставник Дипеш Ријал. „Извлековме единаесет луѓе кои беа живи закопани во калта, од кои на тројца им е потребна медицинска помош поради сериозни повреди“, изјави Ријал за ДПА. „Ќе го утврдиме бројот на оштетените куќи и ќе почнеме да испраќаме пакети со помош по завршувањето на спасувачката операција“, додаде тој. Ријал исто така рече дека во моментов се трага по најмалку шест лица кои се пријавени за исчезнати. Во Непал поради планинскиот релјеф и големите реки чести се природните катастрофи.

ПОСЛЕДНИ

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

  Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од...