Најкраткиот тест за интелигенција во светот! Речиси никој не успева да го реши!

Овој краток тест за интелигенција од само 3 прашања едвај некој го решил, иако на почетокот изгледа едноставно. Тестот за когнитивна рефлексија ќе ви покаже дека дури и навидум едноставните проблеми можат да бидат комплицирани во суштина.

Станува збор за тестот за когнитивна рефлексија (The Cognitive Reflection Test или CRT).

Обидете се вие да го решите:

1. Палката и топката заедно чинат 1,10 фунти. Палката е фунта поскапа од топката. Колку чини топката?

– 10 пени – 0,05 фунти – 0,5 фунти

2. Лилјаните почнаа да го покриваат езерото. Секој ден, површината што ја заземаат се удвојува. За да го покријат целото езеро им требаат 48 дена. Колку време им е потребно да покријат половина езеро?

– 24 дена – 47 дена – 46 дена

3. Ако пет машини прават пет виџети за пет минути, колку време ќе им треба на 100 машини за да направат 100 виџети?

– 5 минути – 100 минути – 10 минути.

РЕШЕНИЈА:

1. Равенка ја решава задачата. Ако топката е X, а палката е една фунта поскапа, тогаш вкупниот трошок може да се претстави со равенката: X+£1=£1,10 Значи: палка+топка=X + (X+1) =1,1 така натаму… 2X +1=1,1 значи… 2X=0,1 X= 0,05

2. Ако површината на локвата се удвојува секој ден, до точниот одговор се доаѓа со чекор назад. Последниот ден езерото е полно, претпоследниот ден половина покриено, одговорот е 47.

3. Ако пет машини прават пет виџети за пет минути, тоа значи дека во тие пет минути секоја машина прави по еден. Значи, ако имаме 100 машини, за пет минути секоја ќе направи по еден – вкупно 100.

ПОСЛЕДНИ

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQНаполи и сопственикот Аурелио де Лаурентис се обвинети поради финансиски малверзации, односно лажирање...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови на англиски...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...