Најдобрите дестинации во Европа за да избегате од горештините

Летото е сезона кога сите бараат начин да избегаат од рутината и да создадат нови искуства.

Меѓутоа, кога температурите надвор се неподносливо високи, уживањето во патувањето се намалува.

Има доста време до крајот на летото. Можете да избегате од топлината од 40 степени без многу напор.

Отворете ја географската карта и ќе најдете неколку соодветни дестинации за намената, секако доколку имате малку подлабок џеб за тоа.

Ирска

Упатете се кон западниот брег на земјата за сами да ги видите познатите карпи на Мохер. Тоа е една од најпотценетите дестинации во Европа.

Дневниот дел од денот во лето во Ирска трае 19 часа. Овој пат е доволно за да изнајмите автомобил и да се движите по желба. Температурите создаваат пријатна авантура бидејќи се подносливи.

Секако, не заборавајте да застанете кај Далбин, како и да му се восхитувате на геолошкото чудо Патот на великаните.

Се вели дека ирскиот западен брег е меѓу најубавите на Стариот континент. Ќе можете да ги посетите дивите плажи и автентичните рибарски села, каде што ќе пробате локална храна и ќе слушате ирска музика, препорачува Traveler.

Шведска

Шведска е рај за секој што сака да се разлади во летните горештини. Земјата има прекрасни шуми, езера и реки. Едно од најдобрите места за посета е Вармланд, недалеку од Норвешка.

Ова место го претпочитаат велосипедистите, буквално ве опкружува со вековни шуми и чувство за моќ.

Можете да се спуштите по реката Клара со кајак или кану. Постои и пооригинален начин – со сплав од трупци.

Ви стојат на располагање неколку кампови за рекреација.

Фарски Острови

За оние кои бараат свежина, друга погодна дестинација се Фарските Острови. Таму дури е задолжително да имате при рака џемпер или дебела јакна. Ноќното спиење е задолжително со јорган.

Додека сте на Фарските Острови, посетете го Киркјубур – најстарата дрвена куќа во Европа, островот Сандој, карпите Вестамана и островот Микинес.

Вреди да одвоите време за да уживате во водопадите Фоса.

Шкотска

Прошетката во шкотските висорамнини е одличен избор за да се избегне летната жештина во Европа.

Кога ја планирате вашата маршрута, не заборавајте да го посетите островот Скај и да го искусите градскиот живот во Глазгов и Единбург.

Норвешка

Започнете го своето патување во Берген, град со шарени куќи и иконски рибен пазар. Ова е местото каде што можете да го пробате прекрасниот див норвешки лосос. Секако, можете да вкусите и кит филе или необична за нашите простори риба.

Потоа одете во Ставангер – град кој ќе ве плени со многуте бели дрвени куќички.

За фановите на железничкиот превоз, го препорачуваме возот Flåm – минува низ една од најживописните рути во светот.

Ако имате доволно време, одете до фјордот Гејрангер или во некој од националните паркови во земјата.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...