МВР притвори четири лица: Брат договорил присилен брак за малолетната сестра за 3.000 евра

Полицијата завчера поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б. (51), двајцата од Србија и Б.А. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А. (46) и М.Б. (51), двајцата од Србија и Б.А. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“ казниво по член 418-г став 1 и 2 од Кривичен законик“, информираат од МВР.

Имено, првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3.000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак. Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење по 30 дена.

ПОСЛЕДНИ

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

  Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од...