Млада женка морж решила да го помине одморот во Осло, Норвешка.
Случајните минувачи можеа да видат дека таа е како дома во пристаништето каде што се качи на еден чамец. Со оглед на тоа што тежи околу 600 килограми, се чинеше дека ќе се преврти, но всушност сакаше само да дремне на сонце.
Со прекар Фреја, по нордиската божица на љубовта, таа стана добро позната личност во Норвешка.
Се смета дека оваа земјата би можела да биде нејзината последна европска станица, откако претходно била видена во Велика Британија, Холандија, Данска и Шведска.
Сепак, не на сите им е удобно кога ќе ја запознаат Фреја. Еден кајакар рече дека било „застрашувачка средба“ кога таа се приближила до неговиот брод.
Едно момче паднало во вода и морало да биде спасено со џет ски.
Потоа имаше мислења дека моржот ќе треба да се избрка од областа, а можеби дури и да се успие.
Но, норвешката управа за рибарство соопшти дека Фреја е во добра состојба и може да остане таму каде што е. Посочија дека граѓаните дефинитивно треба да држат дистанца и да внимаваат при пливањето.