Тука сум како претставник на Владата, но со тоа што сум и во Секторот за информатичко општество и администрација, нашиот фокус ќе биде да ја интензивираме работата за дигитализација како и реформите во јавната администрација со цел да се овозможат најдобри услуги за граѓаните, истакна министерот за Информатичко општество и администрација Адмирим Халити.
Денес е историски ден за Република Северна Македонија и за нејзините граѓани. Де факто почетокот на преговорите започнува денес, нашиот пат да станеме полноправни членки на Европската Унија со надеж дека од денеска граѓаните ќе можат да ги видат плодовите од овој процес, бидејќи во текот на овој процес се очекува институциите и државата, Северна Македонија да имаат пристап до повеќе грантови, да имаат мотивација за посуштински реформи и да ги интензивираат реформите во различни сектори.
Нормално, тука сум како претставник на Владата, но со тоа што сум и во Секторот за информатичко општество и администрација, нашиот фокус ќе биде да ја интензивираме работата за дигитализација како и реформите во јавната администрација со цел да се овозможат најдобри услуги за граѓаните.
Затоа, се надевам дека заедно со целата Влада ќе ја интензивираме нашата работа и соработка со сите институции на Европската Унија.
Видео материјал https://we.tl/t-E6JRtTejnY