Маричиќ од Прага: Денес сме респектaбилна земја која има сојузници низ целиот свет

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска од Прага, порача дека граѓаните имаат причина да слават бидејќи денес, како што вели, сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат.

„Изминатите години сведочат за посветена работа во градење и развивање на Северна Македонија како слободно, одговорно и економски силно општество со целосна афирмација на граѓанските вредности. Успеавме и покрај сите предизвици, да останеме јасно ориентирани кон евроатлантските интеграции, инвестирајќи во нашата стратешка цел до крај. Да се стане членка на НАТО за мала земја, како нашата, е големо достигнување, а отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ, е уште еден важен чекор напред во вистинската насока.

Преговорите за пристапување ќе ни помогнат да се движиме низ реформите и да се фокусираме на оние од приоритетна важност.

Денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат за нејзините генерации. Модерна, европска и просперитетна Северна Македонија за сите нејзини граѓани“, вели Маричиќ од Прага.

Тој денес и утре е во официјална работна посета Република Чешка, која претседава со Европската Унија, каде ќе оствари средби со неговиот домаќин министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...