Мардини: Во случај на катастрофа во АЕЦ Запорожје ќе биде тешко, ако не и невозможно, да се пружи хуманитарна помош

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Роберт Мардини денеска повика на прекин на конфликтот околу окупираната украинска нуклеарка Запорожје, предупредувајќи дека во случај на катастрофа таму малку нешто ќе може да се стори.

– Во случај на нуклеарно истекување ќе биде тешко, ако не и невозможно, да се пружи хуманитарна помош. Затоа борбите треба да се запрат, појасни Мардини на прес-конференција за време на посетата на Украина. Како што тој истакна, несреќа во електраната би имала катастрофални и долготрајни последици за милиони луѓе и околината. – Затоа време е да се запре со играњето со оган и да се спроведат конкретни мерки со цел овој, а и други такви објекти, да се заштитат од воени операции, подвлече Мардини. Тој додаде дека и најмала погрешна проценка може да предизвика уништување за што „ќе жалиме со децении“.

Украинскиот оператор на нуклеарната електрана денеска информираше дека поради руско гранатирање, исклучен е еден од двата активни реактора. Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за нападите близу нуклеарката, што предизвикува страв од нуклеарна катастрофа. Мардини ја поздрави посетата на претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија на Запорожје. Црвениот крст не дели таблети со јод на луѓе во близина на електраната, како што појасни тој, со цел да не се шири паника. – Не сакаме да испратиме сигнал дека тоа е неизбежно, посочи Мардини, нагласувајќи оти ризикот може „во целост да се запре“.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...