Македонската пејачка го ожени синот во Србија! На Гоца Божиновска сватовите ѝ ја пееле „Денес мајко го жениш својот син“!

Уште една интересна свадба се случи во светот на познатите. И тоа во најблиското соседство, во Србија. Таму минатиот викенд синот го ожени пејачката Гоца Божиновска, која е со македонско потекло, но долги години живее и работи во Србија. Таа од бракот со Зоран Шијан (кој во меѓувреме беше убиен од српската мафија) го има синот Мирко. А, токму Мирко се ожени со Бојана Родиќ, која е сестра на сопругата на Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца. Инаку, Цеца на оваа свадба не дојде. Наводно, во лоши комуникации е со Гоца. За утеха, беше присутен синот Вељко кој со години е добар другар со Мирко Шијан. Сега и се ородија откако се оженија со две родени сестри со кои имаат деца. Невестата Бојана, односно снаата на Гоца, судбоносното ДА го кажа бремена и тоа повторно со машко дете.

Свадбената веселба започна во куќата на Шијан, каде што младоженецот ги пречека гостите, а по нив и трубачите. Целиот свадбонесен урнебес продолжи во гратчето Тител каде што живеела невестата. Младоженецот Мирко беше облечен во елегантен смокинг, додека невестата се „расцуте“ во раскошната венчаница, која го сокриваше нејзиното трудно стомаче. Веселите гости, славеле, пиеле и пееле до зори, кога се разидоа, пеејќи им ја на младоженецот, но и на неговата мајка, на свекрвата,најомилената песна „Данас мајко жениш свога сина“

ПОСЛЕДНИ

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Адеми: Албанската опозиција предводена од ВМРО го блокираше Законот за игри на среќа

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку прес-конференција ги отфрли сите тврдења на албанската опозиција за Законот за игри на среќа. Адеми рече...