СДСМ : Македонската иднина е европска, ја реализираме стратешката цел – членство во ЕУ

Со првата меѓувладина конференција и со скрининг процесот и официјално ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, нешто што го чекавме 17 години.

Македонскиот јазик е со чиста формулација, без фусноти и додавки, а историските прашања се надвор од процесот на преговори, во ЕУ влегуваме како Македонци кои говорат македонски јазик.

Тоа е потврдено и од страна на Европската комисија и преку првата меѓувладина конференција. Со ова пропаднаа сите лаги околу формулацијата на македонскиот јазик, сите лаги за наводна асимилација и бугаризација што хистерично ги ширеа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, покажа како се заштитуваат идентитетските прашања и истовремено се реализираат клучните стратешки цели на државата. Македонската иднина е европска и нема да дозволиме никој да ја загрози, соопштија од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...