Македонската влада, во знак на солидарност и за зајакнување на партнерството и соработката со Грција, донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата како поддршка за гаснење на пожари, во Грција.
Одлуката се однесува на вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гаснење на пожар.
Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Грција ќе бидат во надлежност на Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Македонија.