Македонци во Грција оставени на улица пред хотел поради нерасчистени сметки со туристичка агенција

Група граѓани кои заминале на одмор во Грција, денеска добиле информација според која хотелот Gerakini Sitonia vilage денес им го прекинал одморот поради нерасчистени сметки со Агенцијата преку која патувале. Станува збор за 10 фамилии од Македонија (семејства со деца).

Сведочењата од таму велат дека семејствата си имале уплатено цел престој во „ЈК Травел“, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

Дел од луѓето со мали деца моментално се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта.

„Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата ЈК Травел“, информира еден од туристите кои се пред хотелот.

„Локално“ ги контактираше „JK Travel“, но до моментот на објавување на текстот, не добивме одговор од туристичката агенција.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...