ЛШ: Бенфика го шокираше Јувентус во Торино, Сити со пресврт ја доби Борусија, Реал и ПСЖ сигурни

Вечерва се играа натпревари од второто коло во Лигата на шампионите и ова беше вечер во која не видовме многу голови, а имаше неколку изненадувања.

Во дерби средбата вечерва Манчестер Сити со пресврт сигна до победа против Борусија Дортмунд од 2:1. Белингам го отвори резултатот во 56. минута, а Сити до пресврт стигна со двата гола во последните десет минути на Стоунс и Халанд.

Изненадување приреди Бенфика во Торино победувајќи ја „старата дама“ со 1:2. Не се најавуваше изненадување кога Милик на самиот старт во четвртата минута со глава го отвори резултатот. До изедначување португалскиот тим стигна во 43. минута преку Жоа Марио. Второто полувреме донесе многу подобра игра на Бенфика, па тоа се исплатеше во 55. минута кога погоди Нерес.

ПСЖ иако прими прв гол сепак не дозволи изненадување против Макаби во Израел. Чери го отвори резултатот во 24. минута. Меси изедначи во 37. минута. Аргентинецот беше асистент кога во 67. минута Мбапе стрелаше за 1:2. Конечните 1:3 ги постави Нејмар.

Реал Мадрид беше подобар од Лајпциг со 2:0. Валверде го отвори резултатот, а за 2:0 се погрижи Асенсио во последните минути од натпреварот.

Наполи на Елиф Елмас со 0:3 славеше против Ренџерс. Головите ги постигнаа Политано, Распадори и Ндомбеле. Елмас во игра влезе во 90. минута.

Челзи во првиот натпревар на Грахам Потер на клупата ремизираше против Салзбург 1:1. Стерлинг го постигна голот за „сините“, а за изедначување се погрижи Окафор. За Челзи ова е прв бод после поразот од Динамо во првото коло.

Копенхаген и Севиља го одиграа единствениот натпревар без голови вечерва ремизирајќи 0:0.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...