Лиз Трас го победи Риши Сунак и е избрана за нов лидер на Конзервативната партија – и за следен премиер на Велика Британија.

Трас освоила 81.326 гласа, наспроти 60.399 гласа за Сунак.

Резултатот тукушто беше објавен во конференцискиот центар во Вестминстер, а победничката се очекува да одржи говор.

Утре досегашниот британски премиер Борис Џонсон ќе ѝ ја предаде оставката на британската кралица Елизабета Втора, а наскоро потоа кралицата и официјално ќе ја назначи Трас на функцијата премиер.

Џонсон ќе ја извршува функцијата премиер до утре, кога функцијата ќе ја преземе Трас.

Вообичаена практика беше новиот премиер да биде поканет во Бакингемската палата за да биде именуван од кралицата, по предлог на владејачката партија.

Но овојпат ќе се отстапи од таа традиција и кралицата ќе ги прими и Џонсон и Трас во замокот Балморал, кој се наоѓа во Шкотска.