Лапорта ја објасни ситуацијата со Левандовски и Дембеле

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одговори на актуелните теми поврзани со трансфер пазарот.

Барселона има финансиски проблеми,но и покрај тоа има големи амбиции кога се засилувањата во прашање.

„Левандовски? Многу фудбалери сакаат да играат за Барселона, но нивните клубови имаат свое мислење и тоа е дел од преговорите. Левандовски е напаѓач од светска класа, но ќе бидат воздржан од коментари. Сепак треба да имаме респект кон Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Лапорта, а потоа проговори за ситуацијата на Дембеле.

„Дембеле во крајот на минатата сезона играше добро и тренерот многу го цени. Прашањето е од финансиска природа, ние му ја соопштивме нашата понуда. Ако Дембеле ја прифати понудата ќе бидеме среќни да остане“, откри Лапорта.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...