Лајчак по разговорот со Вучиќ: Се надевам дека сме на добар пат

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ се надева оти преговорите се на добар пат и разговорите продолжуваат, пренесе Бета.

 

„По втората рунда разговори доцна синоќа, се надевам дека сме на добар пат. Го ценам искрениот напор на претседателот на Србија да се поддржи европско решение. Нашите разговори ќе продолжат“, напиша Лајчак денеска на Твитер.

 

Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар доцна синоќа разговараа со Вучиќ вторпат во текот на вчерашниот ден.

По неуспешните преговори во Брисел, Лајчак и Ескобар ги посетија Приштина и Белград во обид до 1 септември да се постигне договор за регистарски таблички и влезно – излезни документи.

 

ПОСЛЕДНИ

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

  Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од...