Лајчак и советниците на Шолц и Макрон во посета на Приштина и Белград

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе престојуваат денеска во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Портпаролот на Европската унија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија.

Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...