Кузеска: Антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен

Илјадници граѓани масовно, гордо и достоинствено, во Крушево го чествуваа големиот национален празник 2 Август – Денот на Републиката. На достоен начин беше оддадена чест и признание на славните предци од Илинденското востание и од народно ослободителната борба. Но и оваа како и години претходно ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнеше на предвидената агенда, за потоа да ја напуштат манифестацијата пред интонирањето на државната химна. Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување. ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели.

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.

Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи. Мицкоски му кажа НЕ и на Илинден и на таков свечен ден не пропушти прилика да сее омраза и поделби меѓу граѓаните. Само политички деструктивци, какви што се Мицкоски и Николоски, без основно чувство за државност вака се однесуваат на најголем национален и државен празник.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат ни малку државничко однесување, дека нивната единствена агенда се деструкциите, блокадите и дејствување на штета на државните и националните интереси“, рече Кузеска.

ПОСЛЕДНИ

Трагикомендија: Славниот англиски клуб примаше смешни голови во ФА Купот – навивачите бараат истрага! 🎥

Славниот Нотс Каунти се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Шрузебри во ФА Купот – причината е огромните сомнежи дека станува...

Извлечени групите за Европското првенство!

Наредното лето во Германија ќе се игра Европското првенство, а денес беа и извлечени групите за собирот на најдобрите вропски репрезентации.ГРУПА А: Германија,...

📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

152 Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес,...

На Островот се најавува: Еве кога Манчестер Сити би можел да ја добие казната

Раководството на Премиерлигата неодамна му изрече висока казна на Евертон поради кршење на финансиските правила, а сега на удар на лигата е и...