Кралот Чарлс ја посети Северна Ирска

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во знак на национална жалост за својата мајка, кралицата Елизабета Втора, чиј ковчег вечерва ќе биде пренесен од Единбург во Лондон, каде што ќе биде изложен четири дена за граѓаните да можат се збогуваат.

По тивкото бдение во катедралата Сент Џајлс во Единбург, на кое присуствуваа кралот Чарлс, неговата сестра Ана и браќата Ендру и Едвард, луѓето уште од ноќта чекале во ред да се збогуваат со кралицата, некои со заспани деца во рацете.

Кралот Чарлс ќе ги обиколи четирите делови на Обединетото Кралство пред погребот на кралицата на 19 септември. Во Северна Ирска, луѓето се собрале на улиците кај замокот Хилсборо, официјалната кралска резиденција, пред неговото пристигнување.

„Дојдовме да ѝ оддадеме почит на кралицата Елизабета бидејќи таа беше фантастична кралица и многу лојална на Северна Ирска и сакавме да бидеме тука за да го поздравиме новиот крал“, рече Хедер Пол, држејќи цвеќе и британско знаме.

Џој Хачинсон рече дека се надева дека Чарлс ќе ја одржи земјата заедно. Тој се возел низ улиците на Хилсборо, а потоа излегол од автомобилот за да се ракува со граѓаните кои извикувале: „Господ да го чува кралот“.

Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде што пеш го следеше ковчегот на кралицата во свечена поворка од замокот Единбург до катедралата на Сент Џајлс, каде што присуствуваше на десетминутното бдение.

Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во Шкотска на 96-годишна возраст, откако владееше повеќе од седумдесет години.

На Чарлс, кој автоматски стана крал на Обединетото Кралство, во Северна Ирска ќе му се придружи новата премиерка Лиз Трас. Во Белфаст, тој ќе се сретне со високи политичари и верски водачи и ќе присуствува на миса во катедралата Света Ана пред да се врати во Лондон.

„Таа многу ѝ значеше на Северна Ирска. Како што знаете, за жал, ние сме прилично поделена земја, но кралицата отсекогаш беше со нас. Таа никогаш не направи ништо лошо“, рече Џои Мекполин од Драмор.

„Мислам дека луѓе од различни религии ќе ја разберат прекрасната работа што таа ја направи. Навистина се надевам дека сите ќе напредуваме и ќе го поддржиме нашиот крал“, додаде Мекполин.

Ковчегот на кралицата вечерва со авион ќе биде пренесен од Шкотска во Лондон, а потоа во Бакингемската палата. Утре, заедно со голема воена поворка, ќе биде преместен во Вестминстерската сала, најстарата сала на британскиот парламент, каде што ќе биде изложен за јавноста до 19 септември.

ПОСЛЕДНИ

Парите прават чуда: Меси, КР и Бензема играат за ист клуб во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24?

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд почетокот на јуни, сопственикот на Њукасл Јунајтед е и мнозински акционер на четири водечки клубови во Саудиска...

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...