Ковачевски во Собрание до опозицијата: Вие сте невоспитани и вашиот референдум нема да не скршне кон Исток

Премиерот Димитар Ковачевски на пратениците од опозицијата во Собранието им рече дека се невоспитани, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, на сесијата за пратенички прашања во Собранието побара став од претседателот на Владата за најавуваниот референдум за прифаќањето на Францускиот предлог.

„Човек може да добие формално образование, но ако има празнини во домашно воспитување не може да му помогне никој. Ама најлошо е кога такви луѓе со празнини во домашно воспитување примаат плата да воспитуваат млади луѓе. Во однос на прашањето, РСМ со 69 гласа „за“ во Собранието изгласа отпочнување на преговори со ЕУ. Сите граѓани беа свесни на состанокот на првата меѓувладина конференција во Брисел сите лаги кои ги пласиравте пред тој ден и сите протести кои ги организиравте паднаа во вода

Прво РСМ одржа прва меѓувладина конференција, второ – македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренаа рака.

Трето- во однос на вашата политика која ја правевте тука со палење и ширење невистини, тоа не личи на демохристијанска партија и со какви зборови се обративте до претседател на Европската комисија. Тоа го има направено во Европа само еден политичар во северна соседна држава.

Вашето барање за референдум е исклучиво за ваша партиска употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните. вие не знаете какво референдумско прашање сакате.

Треба да биде „дали сакате влез во ЕУ со чист македонски јазик“. Вие имате проблем со сите стратешки одлули и да го расчистите тоа идеолошки во партијата. Во ниту едно гласање немате учествувано, такво бегање невидено, подобро да гласавте „против“.

Собранието си донесе одлука државата да продолжи со евроинтеграциите, за тоа гласаа 68 пратеници кои ги застапуваат сите граѓани. Што и да правите нема да ја скршнете лево кон исток земјата“ рече Ковачевски.

Додека премиерот зборуваше на говорницата, опозициските пратеници му довикуваа „лажеш!,лажеш!“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, му одговори процедурално дека ако одлуките на СДСМ биле прогресивни немало да шетаат пратеници од нивните редови со вооружено обезбедување.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...