Ковачевски со апел од Собранието: Ги повикувам сите парламентарни партии да ни се придружат за европска Македонија

„Нашата земја е соочена со големи предизвиции и се наоѓа во пресудни моменти во кои се одредува нашата иднина.

Северна Македонија има потреба од единство, сплотеност, заедништво, лидерство.

Тоа го очекуваат нашите граѓани, тоа и треба на нашата држава, и ние сме спремни тоа да го направиме.

Како државотворна партија и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки за независна, еднаква и евроатланска Македонија во последните три децении, сметам дека е дојдено време да ги повикам сите општествени чинители, граѓаните, медиумите, невладините организации, академската заедница и политичките партии, посебно парламентарните, да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во Европската Унија.

Дојдено е време за заедништво, време е за храброст и лидерство, и ние сме подготвени да подадеме рака, надминувајќи се себеси и теснопартиските интереси.

Затоа, првенствено ги повикувам Коалиционите партнери со кои ги донесовме тешките и пресудни одлуки за независност, еднаквост, и северноатланска Македонија, како и опозоцијата, да се обединиме околу стремежот за Европска Македонија.

Јас сум убеден и подготвен. Сите ние сме. “ , истакна премиерот, Ковачевски од собраниската говорница.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...