Ковачевски: Нема ништо ново во однос на францускиот предлог, разговорите продолжуваат

Нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето за евроинтегративниот процес. Разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на МНР на Северна Македонија и Бугарија, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.

Тој повтори дека Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата во Брисел минатата недела и дека штом се дојде до прифатлив предлог од двете страни тој ќе биде процесуиран во институциите на државава.

Ќе ве упатам на мојата прес-конференција што ја имав во Брисел и ставовите кои таму ги кажав се истите. Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Како што ви кажував и досега, процесот со Бугарија се води од страна на Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во Северна Македонија. Во овој момент таков предлог нема, рече Ковачевски на новинарско прашање пред обраќањето на работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел по самитот ЕУ-Западен Балкан го отфрли предлогот на француското претседателство како неприфатлив во сегашната форма, со можност разговорите да продолжат доколку се направат прифатливи измени.

Ковачевски рече дека државата има три клучни барања за преговарачката рамка, а тие се целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и преговорите да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тој смета дека се потребни и гаранции оти нема да има нови услови од Бугарија и од Европската Унија.

Францускиот предлог, беше изгласан во Народното Собрание на Бугарија минатата недела. Претседателот на Франција Емануел Макрон го поздрави изгласувањето на предлогот во бугарското Собрание, и најави дека во наредните денови ќе продолжат разговорите со партнерите во Северна Македонија. (С.К.)

ПОСЛЕДНИ

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Адеми: Албанската опозиција предводена од ВМРО го блокираше Законот за игри на среќа

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку прес-конференција ги отфрли сите тврдења на албанската опозиција за Законот за игри на среќа. Адеми рече...