Косово уапси двајца осомничени припадници на ИСИС

Косовскиот и албанскиот министер за внатрешни работи ја набљудуваат репатријацијата на повратниците од Сирија на аеродромот во Приштина на 28 мај 2022 година. Фото: Официјална Фејсбук страница на Бледи Цучи

Косовскиот суд, во понеделникот соопшти дека се приведени две лица осомничени за тероризам. Основниот суд во Приштина соопшти дека едниот уапсен со иницијали Х.С. бил осомничен за „доброволно и со полна совест“ приклучување кон терористичката организација Исламска држава ИСИС во Сирија, во ноември 2015 година.

Другиот уапсен со иницијали Ј.Б. е осомничен за учество во сириската војна, исто така борејќи се заедно или за ИСИС.

Косово го забрани учеството во странски вооружени групи во 2015 година, откако повеќе од 400 косовски граѓани се приклучија во војната во Сирија, борејќи се на страната на исламистичките терористички организации Ал-Нусра и ИСИС. Десетици од тие што се вратија од Блискиот Исток се соочија со судење и беа затворени.

Не се знае дали последните двајца осомничени се дел од последната група повратници од сириските кампови, која пристигна во саботата, во заедничка операција со албанските власти.

Два дена откако група косовски и албански државјани од камповите од Сирија пристигнаа на аеродромот во Приштина, косовскиот суд приведе двајца осомничени терористи

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свецла, во саботата рече дека се надева оти локалните институции ќе ја завршат својата работа во реинтеграцијата на повратниците преку активности за рехабилитација.

„Ова не е прва ваква операција, а верувам дека нема да биде и последна. Заедно ќе се обидеме да ги вратиме сите наши сонародници“, рече Свецла.

„Но, нашата работа не застанува тука. Нашите тимови од различни профили сега имаат многу работа за тие поединци да се рехабилитираат во општеството“, додаде тој.

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Цучи го набљудуваше враќањето на 13 албански државјани, жени и деца на аеродромот во Приштина.

„Ние сме решени да го вратиме секој албански државјанин што останал во Сирија. Имаме точна статистика што ја развивме со нашите партнери во регионот таму“, рече Цучи.

Вкупно 43 лица се вратија од сириските кампови во оваа четврта операција за враќање на Албанците.

Perparim Isufi

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...