Kосово ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември

Утрово на северот на Косово и Метохија е мирно, по бурното деноноќие. Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.

Србите ја поминаа ноќта на барикадите.

Вчерашниот ден започна со движењата на косовската полиција кои ги најави претседателот на Србија, Александар Вучи, а потоа имаше барикади и пукотници.

Причината за тензијата е што примената на реципроцитетните мерки требаше да почне на 1 август, поточно, како што соопшти косовската Влада, од полноќ на сите што ќе дојдат на премините со лична карта на Република Србија ќе им биде врачен влезно-излезен документ. Исто така, требаше да почне и пререгистрацијата на возилата со српски таблички на косовски таблички.

Во текот на денот граѓаните почнаа да се собираат во центарот на Северна Митровица, незадоволни од воведувањето мерки за реципроцитет. Потоа во северниот дел на Косовска Митровица се слушнаа сирени за тревога. КФОР соопшти дека ја следи ситуацијата и е подготвен да интервенира. Во текот на ноќта ситуацијата стана се понапната. Пред полноќ пред јавноста се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ, а американскиот амбасадор во Приштина ги притисна тамошните власти да ја разгледаат нивната одлука.

 

А потоа околу полноќ од Приштина стигна вест дека спроведувањето на овие две одлуки е одложено за еден месец.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...